AMBASADA REPUBLIKE CRNE GORE  www.montenegroembassy.org.mk

 

ЦРНА ГОРА - ОПШТИ ПОДАТОЦИ

 

Службено име: Република Црна Гора

Географска положба: Црна Гора се наоѓа во Југоисточна Европа. На север граничи со Србија, на југоисток граничи со Албанија, на југот од Италија е одделена со Јадранското Море и на запад граничи со Босна и Херцеговина и Хрватска.

Број на жители: 672.000

Површина:  13.812 км²

Административен центар: Подгорица

Престолнина: Цетиње

Други поголеми градови: Никшиќ, Бијело Поље, Пљевља, Беране, Бар, Херцег Нови

Териториална поделба: Три региони: јужен, среден, и северен; 21 општина

Валута: Евро (€)

Црна Гора е една од најстарите држави во Европа. Државен статус добила на Берлинскиот Конгрес 1878, од 1918 станува дел, прво на Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, а потоа на Југославија. По распаѓањето на Југославија во 1992 година останува во сојуз со Србија до референдумот кој е одржан на 21.мај 2006 година кога повторно станува независна.

Црна Гора се наоѓа во југоисточна Европа, на средниот Медитеран. Таа е приморско-

континентална и планинска земја. Се простира на површина од 13.812 км². Вкупната должина на копнената граница е 614 км. Должината на морската обала е 293,5 км, а површината на морето која и припаѓа на Црна Гора е 16.352 км².

Главен град на Црна Гора е Подгорица со околу 180.000 жители. Поврзана е со светот преку два меѓународна аеродрома (Подгорица и Тиват), преку четири пристаништа , од кои најголемо е пристаништето во Бар, преку железничка линија со средна и источна Европа и преку патен сообраќај.

Повеќе од третина од вкупната територија е покриена со обработливо земјиште, а шумите се простираат на 40% од територијата. Има околу 40 природни, четири акумулациони езера и голем број реки со значаен енергетски потенцијал. Најголемите природни езера се Скадарското, Шаското, Плавското и Црното езеро, а најважните реки се Тара, Пива, Морача, Лим, Ќехотина, Зета и Бојана.

Во Црна Гора има четири национални паркови и тие се: Дурмитор, Ловќен, Биоградска Гора и Базенот на Скадарското езеро.

Средната годишна температура е од 8.8°С  на север до 16.6°С во приморскиот дел.

Гледано по географските области:

- Северно-планинскиот дел е покриен со високи планини (повеќе од 2.000 м). Располага со шумски ресурси, рудници на јаглен, хидропотенцијал, ливади и пасишта за развој на земјоделството и сточарството и за развој на туризмот.

Во планинското подрачје, простори над 1.000 метри надморска височина преовладуваат со 60,5% од територијата. Има 28 планински врвови преку 2.000 м од кои најголеми се на Дурмитор, Проклетије и Комови;

- Централниот дел е најголемата и најплодната рамница во Црна Гора, во која се одвиваат главните економски активности во земјата;

- Јужниот - приморски дел го краси брегот со атрактивните плажи. Овој дел е најважен за развој на туризмот, поморското стопанство, риболовот, земјоделието и индустријата за произведување на сол.

 

 

ПОЛИТИЧКИ ПРОФИЛ

 

На парламентарните избори одржани во септември 2006, власта ја освои Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Социјалдемократската партија (СДП) која наредните четири години самостојно ќе одлучува за составот на владата. Претседателот на републиката, од 2003 година е Филип Вујановиќ (ДПС), а новоименуваниот премиер е Жељко Штурановиќ (ДПС).

Владата на Република Црна Гора во агендата на економски реформи истакнува како свое клучно определување - членство во ЕУ. За таа цел Владата превзема низа активности кои го водат динамичниот процес на придружување, а во исто време представуваат добар сигнал за инвесторите дека се работи за сериозен партнер кој настојува да игра по правилата признати во меѓународната деловна заедница.